Volkswagen во февруари 2020 ќе донесе одлуката за новата фабрика на Балкан

ОБЈАВЕНО НА:

Volkswagen Групацијата потврди дека одлуката околу новата фабрика на Балканот ќе ја донесе во февруари следната година.

Најголемиот германски производител на автомобили во октомври годинава одлучи својата нова мултибренд фабрика да ја гради во Турција, меѓутоа, по едностраното преземање на воени дејствија од страна на оваа земја во Сирија, а под притисок на акционерите, Volkwagen ја повлече оваа одлука.

Веднаш потоа, битката за инвестицијата вредна над 1,3 милијарди евра дополнително се разгори.

Така сега во потесниот избор се враќаат Србија, Бугарија и Романија. За потестување, во новата фабрика меѓудругото ќе се произведува и новата генерација на моделот Passat кој сега привремено се произведува во Братислава (Словачка).

Следете не и на:

24AUTO NETWORK