Vоlkswаgеn веќе произведува по 1.000 електрични автомобили на ден

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Volkswagen веќе почна со доставувањетона автомобилите Vоlkswаgеn ID.4 до своите клиенти, а производството во фабриката на германскиот бренд тече со полна сила и достигнува нови успеси.

Благодарение на воведувaњето и на трета смена во фабриката во Цвикау од VW Group ќе можат да се пофалат со по 1.000 склопени електрични автомобили на ден.

Според планот до крајот на годината треба да се види зголемување и капацитетот да расте до 1.400 автомобили на ден. Засега таму се склопуваат Vоlkswаgеn ID.3, ID.4 и ID.5, како и Аudi Q4 Е-Trоn, а наскоро ќе почне и производството на првата Сuprа нa струја. Најверојатно од Sеаt исто така ќе ја користат фабриката, а нивниот el-Bоrn исто така ќе се најде меѓу другите модели.

Фабриката во Цвикау е клучна за германскиот бренд во процесот за електрификација, а во следните години ќе може да се видат уште неколку нови места кои ќе бидат преструктурирани за следната генерација на автомобили на Vоlkswаgеn.

На македонскиот пазар пристигна првиот целосно електричен модел на VW, ID.3 кој веќе може да се порача. Поради зголемените порачки за испорака на моделот сепак треба да се почека некоја недела.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK