Volkswagen веќе прима нарачки за новиот Tiguan

ОБЈАВЕНО НА:

Само неколку денови после премиерата на новиот Tiguan, од Volkswagen објавија дека компанијата веќе прима нарачки за купувањето на компактниот СУВ модел.

Новата еволуција во историјата на најпродаваниот автомобил на Volkswagen во моментов на пазарот ќе зачекори после повеќе од 5.000.000 реалиирани примероци на моделот во целост.

Автомобилот ќе понуди не само нов дизајнт на ентериерот, туку сериозно зголемување техничката база, а основната цена за верзијата 1.5 l TSI со 130 коњски сили и 6-степен рачен менувач за територијата на Германија е одреден на 28.205 евра.

Меѓу главните акценти кај новиот Volkswagen Tiguan се целосно новата plug-in хибридна верзија Tiguan eHybrid, која дозволува движење во чист електричен режим со брзина до 130 км/ч, спортска и најдимаина во историјата на моделот модификација Tiguan R нов интелигентен систем за погон на четирите тркала 4MOTION и нов инфо-комуникациски и мултимедиски борд систем од трета генерација.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK