Volkswagen Touareg има две нови хибридни верзии за полнење (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ОБЈАВЕНО НА:

Од компанијата Volkswagen објавија дека почнуваат да примаат порачки за купување на две нови plug-in хибридни верзии на моделот Touareg, кој нуди можност за движење во чист електричен режим од околу 47 киломтри и вкупна автономност од 810 километри.

Првата од двете нови пазарни понуди на Volkswagen се нарекува Touareg eHybrid и доаѓа со хибриден погонски систем со вкупна максимална моќност од 381 коњска сила. Втората нова понуда е plug-in хибридот Touareg R, кој ветува максимална моќност од 462 коњски сили, што ја прави најсилната модификација во понудата на моделот, како и во целата понуда на брендот. Првиот од автомобилите е оценет на 72.378 евра во Германија, а вториот на 84.660 евра.

Во зависност од опремата, Touareg може да биде опремен со ред на високотехнолошки системи за помош на управувањето и соодветно зголемување на безбедноста на патот. Типичен пример за тоа е Travel Assist, кој ветува асистирачко управување при брзина на движење од 250 км/ч, системот за далечинско излегување и влегување на паркинг место, систем за потпомагање и стабилизирање на движењето при влечење на приколка и други.

Две нови верзии на Touareg Hybrid

Во стандардната опрема на двата plug-in хибриди со погон на четири тркала се вклучени и четиризонски клима системи, Innovision Cockpit дигитален кокпит со дигитални прибори, Discover Premium навигација, панорамски стаклен кров и други, а Touareg R доаѓа со диодни матрични IQ.LIGHT фарови.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK