Четвртиот SUV модел, T-Roc, од Volkswagen ќе биде лансиран на европскиот пазар во ноември годинава. Ќе се нуди со избор меѓу три TSI бензински и три TDI дизел мотори, а цената на автомобилот ќе биде околу 20.000 евра.
Новиот компактен SUV автомобил ќе се нуди во верзии со преден погон и 4х4 погон, а од компанијата ветуваат дека тој ќе може да се користи за офроуд, така и за спортско држење на патот. Volkswagen T-Roc ќе биде првата понуда за SUV на брендот, која може да се нарача во контрастни двe бои на екстериерот.
Позициониран e под моделот Tiguan, и Volkswagen T-Roc е развиен на MQB платформа на марката и ќе има пет седишта со товарен простор од 445 литри. Доколку е потребно и по преклопување на задната клупа слободниот волумен се зголемува на 1.290 литри.
За моделот T-Roc, од Volkswagen сакаат да ги потенцираат сериозно системите за безбедност, па автомобил ќе се нуди со системи за автоматски повик кон централа во случај на сообраќајна несреќа, систем за автоматско активирање на системот за сопирање при опасност од удар со ниска брзина, системот за задржување на возилото во коловозот, систем за препознавање на пешаци и друго.
https://youtu.be/Pap6WmrS-dQ