Volkswagen ќе инвестира 577 милиони американски долари во една од своите бразилски фабрики, потврдува Ројтерс.
Целта на проширувањето на фабриката е да се зголеми капацитетот, а со тоа и да се одговори на побарувачката на овој пазар. Со новата инвестиција ќе бидат креирани и нови илјада работни позиции со што ќе се поддржи и локалната економија.
Операциите на Volkswagen во Бразил започнаа во 1953 година кога е формираната компанијата Volkswagen do Brasil Ltda. Првата фабрика е отворена во Ипиранга, а потоа германскиот производител ја отвора целосно новата фабрика во Сао Бернардо до Кампо каде се наоѓа и седиштето на јужноамериканската дивизија на VW.
Во моментов, јужноамериканската понуда на Volkswagen ја сочинуваат моделите: Up, Gol, Fox, Polo, Golf, Voyage, Virtus, Jetta, Passat, T-Cross, Tiguan, Saveiro, Amarok и SpaceFox.