Volkswagen со нов концепт T-Roc на саемот во Женева

ОБЈАВЕНО НА:

Базиран на Golf, на саемот во Женева следната година германски Volkswagen ќе претстави кросовер концептот инспириран од T-Roc Concept од 2014 година.

Според пишувањето на Британски Autocar, новот Golf кросовер според димензиите ќе биде „под“ Tiguan. Би требало да почне да се произведува во втората половина од 2017 година и ќе го има името T-Roc иако има и други алтернативни имиња што се регистрирани.

Оригиналниот концепт кога беше промовиран имаше три врати, а возилото што е планирано сериски да се произведува треба да има пет врати, како конвенционалниот Golf, но секако ќе се разликува по внатрешноста која во T-Roc би требало да биде многу подобра и поразновиден.

Моделот ќе се базира на MQB платформата на компанијата и ќе ја задржи истата меѓуоскина должина од 2.640 мм. од Golf. Се очекува да ги има истите димензи како оригиналниот T-Roc Concept, што значи должина од 4.178 мм, ширина – 1.831 мм. и висина – 1.501 мм.

Слично како и кај Golf ќе биде истата можност за избор на мотори. Тоа ќе вклучува од почетниот 1,0 литарски три цилиндричен мотор со 113 КС, потоа 1,5 литарски четири цилиндричен TSI со 128 КС и со 148 КС, исто како и 2,0 литарскиот турбо што ќе испорачува 241 КС.

И покрај „дизелгејт“ аферата, најмалку два дизелски агрегати ќе бидат понудени во T-Roc. Се размислува и за плаг-ин верзија и целосно електрична верзија.
Погон на предните тркала би требало да биде стандарно за основниот модел, а погон на сите тркала ќе се нуди на поскапите спецификации. Ќе има и шест степен мануелен и седу степен DSG менувач со двојно квачило.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK