Volkswagen со нов компактен СУВ

ОБЈАВЕНО НА:

Северноамериканскиот оддел на Volkswagen ја распространи првата фотографија на новиот компактен СУВ модел, кој ќе се приклучи кон портфолиото на брендот на локалниот пазар.

Без да навлегуваат во детали од Volkswagen споделуваат дека новиот СУВ модел ќе биде позициониран под Tiguan и ќе биде претставен официјално на 13 октомври.

„Возбудени сме што го споделуваме овој прв поглед кон нашиот најнов додаток во семејството Volkswagen“, вели претседателот и извршен директор на Volkswagen Group of America, Скот Кио.

„Одлични продукти доаѓаат во мали пакувања, а Volkswagen веќе има докажувано низ годините со своите амблемски Beetle, Golf и Jetta. Овој нов автомобил нема да биде исклучок“, изјави Кио.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK