Volkswagen со богатство, заработи 12 милијарди евра за 2018

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобилскиот концерн од Германија, Volkswagen објави зголемување на нето добивката за 2018 година. Германците објавија дека таа пораснала за 6,1% во однос на претходната година и стигнала до сума од 12,15 милијарди евра.

Станува збор за сите 12 бренда, кои влегуваат во групата: VW Passenger Cars, Audi, Skoda, Seat, Porsche, VW Commercial Vehicles, MAN, Scania, Ducati, Lamborghini, Bugatti и Bentley.

Во текот на минатата година групацијата VW продала вкупно 10,9 милиони автомобили (+1,1%), а само во Северна Америка забележале пад од 2%. На другите пазари продажбите пораснале. Во Јужна Америка тоа е направено за 13,1%, во Азиско-тихоокеанскиот регион е со 0,9%, а во Европа со 0,1%.

Продадените автомобили Volkswagen во 2018 година се 3.715 милиони (+6.8%). Пад во продажбите бележи Audi (-4.1%), а Bugatti има пораст од 7% (76 продадени возила). Porsche исто така има пораст во продажбите од 4%.

Другите брендови исто така имаат позитивна продажба. Skoda +4.4%, Scania +4.5%, MAN + 9.2%. Најголем пад во продажбите забележа брендот Bentley  од 16%. Од компанијата предвидуваат раст на приходите за 2019 година и тој би требало да се движи од 6.5% до 7.5%.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK