Vоlkswаgеn се збогува cо Pоlо, Gоlf и Pаssаt!

ОБЈАВЕНО НА:

Навлегувањето во ерата на електрични автомобили за многу автомобилски производители не е лесен чекор. Многумина веќе почнаа активно да ги користат специјалните платформи наменети исклучиво за „зелените“ автомобили.

Покрај тоа во развиените земји мрежата од станици за полнење се шири, а во некои држави сопствениците на електричните автомобили имаат право на дополнителни финансиски бонуси. Цените на таквите машини, сепак, уште се релативно високи.

При претставувањето на ID.3 oд Vоlkswаgеn изјавија дека нивната цел е да создадат линија од целосно достапни електрични автомобили (семејството ID). Се очекува таквите автомобили во крајна сметка да се користат во големата побарувачка на пазарите на оние земји, кои имаат намера да ја забранат продажбата на автомобили со мотори со внатрешно согорување во релативно блиска иднина (истото важи и за хибридите).

Во голем степен ова се однесува за европските земји, кои продолжуваат редовно да ги затегнуваат стандардите за штетните емисии. На пример Обединетото кралство планира да дозволи само продажба на електрични автомобили на нејзина територија во 2030 година.

Според шефот на маеркетингот и продажбата на Volkswagen, Јирген Стокман, моделите со исконски имиња како што се Golf, Polo и Passat ќе ги напуштат овие „зелени“ пазари. Такви ќе се мнозинство земји во Западна Европа.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK