Volkswagen се согласи да плати уште една милијарда долари казна

ОБЈАВЕНО НА:

Откако постигна договор со американските власти во врска со одштетата за околу 80.000 возила поврзани со скандалот Дизелгејт, Volkswagen се согласи да плати уште една казна од околу една милијарда долари.

Во јуни годинава VW постигна договор со американските власти вреден 15 милијарди долари за 475.000 возила со дволитарски дизелски мотор. Овојпат станува збор за модели на VW, Audi и Porsche со трилитарски дизелски мотори.

При обештетувањето ќе бидат опфатени возила произведени во периодот од 2009 до 2016 година. Дел од возилата опфатени со ова обештетување, 20.000 ќе бидат вратени на производителот, а другите ќе бидат поправени.
VW во септември 2015 година призна дека инсталирал софтвер кој прикажува лажни вредности на издувните гасови. Моторите испуштале и до 40 пати повеќе од дозволените вредности.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK