Volkswagen се шири во Гана и во Нигерија

ОБЈАВЕНО НА:

Најголемиот германски авто производител Volskwagen објави дека потпишале меморандум за разбирање за проширување на своите бизнис активности во Нигерија и Гана.

VW планира да призведува автомобили во Гана, а истовремено да ја направи Нигерија земја во која ќе ги лоцира сите важни бизнис активности наменети за Африка.

“Ситуацијата на континентот се стабилизира и економијата се движи напред” изјави во соопштение Томас Шаефер, првиот човек на VW за субсахарскиот регион. Во Африка, VW групацијата има веќе неколку фабрики и тоа во Алжир, Јужна Африка, Кенија, а од јуни годинава и во Руанда.

Токму Гана и Нигерија важат за земји со најголем економски раст на овој континент во последните години. Самиот факт што во Гана живеат 28 милиони жители, а во Нигерија 186 милиони жители е јасен показател зошто VW ги локализира своите бизнис активности во овие две земји.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK