Volkswagen се пофали со серискиот кросовер T-Cross (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијaта Volkswagen објави официјални скици од серискиот компактен кросовер Т-Cross. Премиерата на моделот ќе се одржи есенва.

Како што може да се види од фотографијата за кросоверот ќе бидат искористени голем дел од стилистичките решенија од истоимениот концепцискиот модел, претставен во 2016 година на саемот во Париз. Должината на возилото е 4170 мм.

Во основата на Volkswagen T-Cross е модулната архитектура MQB A0, на која е изграден кросоверот Seat Arona. Понудата на мотори ќе вклучува трицилиндрични турбомотори с работен обем од 1,0 литар, а ќе можат да развијат 95 и 110 коњски сили.

Трансмисиите ќе бидат со 6-степен механички и роботизиран менувач со два соединувачи.

Моделот ќе се нуди уште со 1,5-литарски бензинов турбомотор, кој ќе развива моќност од 150 коњски сили. За вљубениците на дизел возилата се предвидени два 1,6-литарски агрегати кои развиваат 95 и 115 коњски сили.

Во стандардната опрема се вклучени уште систем за предупредување на преден судир, а исто така и функција за поддршка на лентата на движење.

https://youtu.be/1S8nY3sQxuk

Новиот кросовер на Volkswagen ќе биде во конкуренција со Peugeot 2008, Renault Captur и Opel Mokka. Моделот е ориентиран кон Азија и Јужна Америка, додека во Европа нема да биде нуден.

За во Европа, Германците подготвуваат друг модел.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK