Претставници на германскиот автомобилски концерн Volkswagen најавија дека наскоро ќе биде пуштен во продажба евтин електромобил. Новото „народно возило“ ќе биде изработено на платформата МЕВ (Modular Electric Matrix), на која во иднина ќе се произведуваат сите електромобили на компанијата.
Во моментов на оваа база се предвидени 27 модели, кои ќе се појавуваат етапно на пазарот до 2022 година. Од концернот сооштуваат дека платформата MEB не се јавува како модификација на MQB и на неа ќе се создаваат само и исклучиво електромобили. Оваа база му дозволува на Volkswagen доста попродуктивно да го развива електричниот погон, кој ќе стартува со пуштањето на хечбекот ID.
Првиот електромобил ќе се појави на крајот од следната година, а на истата платформа ќе биде пуштен и евтиниот електричен автомобил. Од компанијата не посочуваат ниту цена ниту други поконкретни информации за претстојното возило. Најверојатно, како и првото ID ќе се произведува во фабриката во градот Цвикау.
За остварување на целта фабриката ќе биде сериозно модернизирана. Самата платформа MEB дава можност за интегрирање на подни акумулатори со голем капацитет. Според зборовите на Томас Улбрих, кој е одговорен за делот на елетромобилите во Volkswagen таа шасија ќе дозволи создавање на новиот електричен бестселер.