Интересен податок брифираа германските медиуми – Volkswagen минатата година произведе повеќе кобасици него автомобили. Да, популарниот производител на автомобили Volkswagen, има бизнис и во месната индустрија. Почнувајќи од 1973 година па наваму, Volkswagen непречено произведува и кобасици.
Во минатата 2019 година, Volkswagen произведе и продаде дури 6,8 милиони парчиња кобасици што претставува за околу 600 илјади повеќе во однос на произведените автомобили.
Цели 45 години Volkswagen иновира во оваа дејност. Главниот технолог Франко Ло Прести наведува дека кобасиците на Volkswagen содржат само 20% маснотии за разлика од другите кои содржат околу 35%. Исто така минатата година германскиот производител со цел да ги задоволи потребите на вегетаријанците лансираше и вегетаријански кобасици.