Од компанијата Volkswagen признаа дека имаат сериозен конкурент во Tesla и дека оваа компанија им задава големи главоболки. Тоа го потврдува и шефот нa Volkswagen AG, Херберт Дис.
„Tesla прерасна во еден од најсилните конкуренти на пазарот“, вели Дис. Сепак, проблемот не е во тоа што компанијата на Илон Маск произведува екслузивни електромобили туку во технологијата.
Дис Смета дека во моментов Tеslа е недостижен лидер во областа на софтверот и автономното управувње, што предизвикало „главоболка“ кај раководството на Volkswagen. Американците не само што се пред германскиот концерн туку и пред секој друг производител во светот во однос на создавањето на безпилотни системи.
„По патиштата веќе се движат над 500.000 возила Teslа, кои фукционираат како една невронска мрежа. Таа непрекинато се самоусовршува и се обновува на секои две недели, што ги прави електромобилите поумни. До овој момент ниту еден друг производител не може да излезе со друг случен предлог“, коментира Дис.