Volkswagen прима нарачки за новиот Golf Alltrack

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Volkswagen објави дека во дилерските центри на брендот веќе се примаат нарачки за целосно новата генерација на многуфункционалната верзија на Alltrack на Golf.

Од Volkswagen го определуваат Golf Alltrack, како хибридна понуда меѓу класичната комби верзија на Golf и СУВ моделот, наменет за оние од потрошувачките, кои бараат исто така спортски изглед, експресивен дизајн и богата опрема.

Volkswagen Golf Alltrack е опремен со најмоќната верзија на дволитарскиот TDI турбодизел мотор во портфолиото на брендот, кој генерира максимална моќност од 200 коњски сили и максимален вртежен момент од 400 Нм. Опремен со 4MOTION системот за погон на сите четири тркала и зголемен со 15 мм. клиренс, автомобилот нуди не само подобрени перформанси надвор од патот, туку и дополнителен мир на умот во посложени услови на патот.

Други карактеристични линии на надворешноста на Volkswagen Golf Alltrack се уникатните браници, дополнителните веѓи на браниците, дополнителната заштита на моторот.

Со просечна потрошувачка на гориво од под пет литри на 100 километри и автономија од околу 1000 километри, новиот Golf Alltrack доаѓа со богата стандардна оперема, а во тоа и редица системиза зголемување на активната безбедност. Тука се позиционирани системите за следење на лентата на движење, асистенст со функција за препознавање на пешаци, Driver Alert System и други.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK