сабота, 25 декември, 2025 година

Volkswagen предупредува: малите бензински автомобили „немаат иднина“

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Германскиот автомобилски гигант Volkswagen испрати силна порака до пазарот на автомобили со мотори со внатрешно согорување: малите бензински модели во Европа „немаат иднина“. Новите, се построги регулативи за емисии и економската неизвесност околу развојот на конвенционални мотори го тераат производителот да се целосно фокусира на електрични возила.

Според изјавите на извршниот директор на брендот, Томас Шефер, развојот на нови бензински модели во Б-сегментот веќе не е исплатлив. Трошоците за усогласување со емисионите стандарди би ги зголемиле цените на ваквите автомобили до ниво на кое би станале неконкурентни за купувачите. Тој посочи дека “иднината во овој сегмент е електрична” и дека Volkswagen ќе ги замени традиционалните мали модели со електрични алтернативи.

- Advertisement -

Како дел од стратегијата за електрификација, Volkswagen наскоро ќе понуди целосно електричен ID. Polo со почетна цена околу 25.000 евра, како и уште по-прифатлива варијанта ID. Every1 во 2027 година со цена околу 20.000 евра. Сите овие модели ќе бидат базирани на новата MEB+ платформа, развиена специјално за електрични возила.

Иако компанијата уште нема дефинирано точни датуми за престанок на продажба на постоечките бензински модели како Polo и T-Cross, Volkswagen планира тие да се задржат на пазарот уште некое време пред целосно да се повлечат.

Овие ставови доаѓаат во време кога автомобилската индустрија во Европа ја чувствува силната трансформација кон електрични технологии, поддржана со регулирани цели за намалување на емисиите и растечка побарувачка од купувачите за EV возила.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја