Volkswagen потврди како ќе ги промовира планираните премиери од Женева

ОБЈАВЕНО НА:

По откажувањето на саемот за автомобили во Женева, германски Volkswagen ќе ги претстави своите иновации како дел од онлајн стрим. Се работи за светските премиери на Touareg R и спортската, компактна икона – Golf GTI

Volkswagen ја поздравува одлуката на Државниот совет во Женева да го откаже овогодинешниот саем за автомобили во Женева. Ова е одлука во интерес на здравјето и безбедноста на сите учесници и вработени. Како алтернатива на првично закажаната прес-конференција во вторник, на 3 март, во 9,10 часот, марката Volkswagen ќе ги покаже своите автомобилски иновации преку онлајн систем.

Ралф Брандстартер, главниот оперативен директор на Volkswagen брендот и д-р Френк Велш, член на Управниот одбор на одделот за патнички возила во Volkswagen и одговорен за технички развој, ќе го претстават новиот Touareg R со plug-in-хибридна технологија и осмата генерација на Golf GTI2 за прв пат.

Настанот ќе биде пренесуван на https://www.volkswagen-newsroom.com/en/live-stream-5455

Ќе следуваат дополнителни детали за преносот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK