Компанијата Volkswagen минатата седмица почна со продажбите на plug-in хибридните верзии на моделите Arteon и Arteon Shooting Brake eHybrid.
Со цена од нешто над 51.000 евра, Arteon и Arteon Shooting Brake eHybrid нудат можност за движење во чист електричен режим, а во зависност од верзијата на купето, таа верира меѓу 57 и 59 километри, што е доволно за да се исполнат повеќето од дневните потреби за мобилност на европските потрошувачи.
Освен во чист електричен режим во градски услови, Volkswagen Arteon и Arteon Shooting Brake eHybrid можат да бидат управувани и еколошки одговорно на патишта со голема брзина, а може да достигне до максимални 130 км/ч.
Во комбиниран режим на работа, хибридниот погонски систем на двата луксузни автомобили е во состојба да понуди автономија од над 900 километри.
Arteon и Arteon Shooting Brake eHybrid (218 коњски сили и 400 Нм) нудат и одлична динамика на патот, а забрзуваат од 0 до 100 км/ч за 7,8 секунди и можат да развијат максимална брзина на движење од 222 км/ч.