Volkswagen почна со примање нарачки за новите Arteon и Arteon Shooting Brake

ОБЈАВЕНО НА:

Од компанијата Volkswagen објавија дека почна примањето на нарачки за купување на новиот Arteon, кој првпат во историјата е достапен и во новата купе верзија односно караванот Arteon Shooting Brake.

Пазарното лансирање на новите Arteon и Arteon Shooting Brake, чии основни цени се поставени соодветно на 43.524 и 44.387 евра за Германија, а тоа е планирано за ноември, додека кон крајот на оваа година моделот ќе добие и нова plug-in хибридна верзија и спортска R со Performance TSI мотор.

Основната верија на новиот Arteon, кој ќе се нуди во три нивоа на опрема: Arteon, Elegance и R-Line е екипирана со TDI дизел мотор со 150 коњски сили, комбиниран со седум степен DSG роботизиран менувач целосно диодно осветлување, 17-инчни алуминиумски тркала и друго.

Од Volkswagen велат дека моторната и модификациската понуда на Arteon и Arteon Shooting Brake ќе бидат раширени со нови мотори, менувачи и основни верзии, додека основниот акцент ќе бидат ставен на plug-in хибридната верзија, која ќе понуди можнсот за движење во чист електричен режим и R спорт, кој ќе се нуди и за двете варијанти на купето на моделот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK