Volkswagen отпушта 5.000 вработени

ОБЈАВЕНО НА:

Раководството на Volkswagen во моментов работи на креирање на новиот план за штедење според кој до 2023 ќе укине околу 5 илјади работни места, пренесува германскиот весник Ханделзблат.

Според информации на весникот оваа бројка може да нарасне и до 7 илјади без при тоа да се потенцира во кои земји ќе се намалат вработените.

Почетокот на реализацијата на овој план може да започне уште од следната година како дел од планот на извршнит директор Херберт Диз. Покрај штедната компонента, причината за намалување на вработените се и имплементацијата на новата технологија за производството, особено на електрични автомобили која значително го супституира човечкиот труд во производството.

Според весникот, намалувањето на вработените е само една компонента од планот со кои ќе се намалат трошоците за огромни 5,9 милијарди евра на годишно ниво.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK