Скандалот „Дизелгејт“ кој изби во септември во 2015 година во САД ја чинеше компанијата Volkswagen 7,4 милијарди долари. Овие пари биле потрошени во текот на февруари за откупување на вкупно 350.000 дизел автомобили од клиентите на компанијата.
Како што е познато проблемот е во тоа што Volkswagen ги има опремено автомобилите со 2.0-литарски дизел мотори со софтвер кој дава неточна информација за нивото на штетните емисии.
Сите овие над 350.000 возила се собрани на 37 плоштади низ цела Америка, а компанијата ги користела сите можни слободни терени како стариот фудбалски стадион во Детроит, затворена фабрика за хартија во Минесота… а тука се вклучени и места во пустината во Калифорнија.
Ова е само привремено. Автомобилите имаат техничка поддршка, а компанијата гарантира дека тие се во состојба за движење. Во Volkswagen чекаат да видат какви промени треба да бидат направени пред истите да бидат пратени кај дилерите кои ќе ги предложат на пазарот на употребувани возила или ќе ги изнесат во други држави.
Досега компанијата продаде 13.000 од овие дизел автомобили, додека 28.000 биле уништени.