Од компанијата Volkswagen објавија информација која вело дека се планира произведување на новиот модел на пазарот, компактниот SUV T-Cross, а истиот треба да се склопува во фабриката на Volkswagen, Navarra во Шпанија. Во комплексот се склопува исто така и возилото Polo, а како резултат на воведувањето на производстово на овој модел, капацитетот ќе биде зголемен од 244.000 до 350.000 возила годишно.
Производството на Volkswagen T-Cross е планирано да почне пред крајот на оваа година, додека моделот дополнително ќе ја прошири понудата на СУВ возила на брендот. Тука се и T-Roc, Tiguan, Tiguan Allspace и Touareg.
Во стандардната опрема на компактниот СУВ на Volkswagen, кој е долг 4,1 метри се вклучени редица на системи за зголемување на безбедноста, а во тој дел и систем за предупредување при опасност од удар со друго превозно средство однапред, систем за предупредување при излегување од линијата на движење и други.
Како дополнително екипирање, T-Cross ќе се нуди и со целосно дигитален интрументален панел, а во тој дел се 8-инчниот екран на инфо-комуникацискиот и мултимедиски систем, како и системот за безжично полнење на мобилен телефон, аудиосистемот Beats со субвуфер и други.
Задните седишта на T-Cross ќе можат да бидат регулирани со 15 сантиметри движење, а после преклопувањето товарното одделение на моделот може да биде зголемено од 455 до 1281 литар.