Volkswagen можеби ќе направи ревизија на своите планови со моделите и нивните мотори по аферата Дизелгејт, но сигурно е дека нивниот фокус нема да биде само на електрификација на возилата.
Германците тврдат дека работат на најсилната верзија на нивниот мал автомобил – Up!, што треба да стане GTI. Од AutoExpress тврдат дека ова треба да се случи во следните 12 месеци, а дека тие веќе возеле некој прототип во Јужна Африка, и впечатоците се позитивни.
Градското возило треба да го користи 1,0 литарскиот три цилиндричен турбо мотор, со зголемена компресија и висок притисок во турбото. Ќе може да испорача 114 КС, и за 8,8 секунди да „дигне“ до 100 км/ч. Моторот ќе биде заедно со шест степен мануелен менувач, а не се знае се уште дали ќе има и автоматски во понудата.
Од визуелен аспект VW Up! GTI од позади ќе има мал спојлер, и повидливи издувни цевки, додека во внатрешноста ќе предничи спортскиот управувач и рачката на менувачот, црна инструмент табал со мали црвени точки, и нова ткаенина на седиштата.
Се најавува дека за 12 месеци моделот ќе се нуди во продажба. Останува да се види дали нешто спортско ќе се понуди и за „браќата близнаци“, како Seat Mii и Skoda Citigo.