Volkswagen не дозволува да заспиете: Систем ги буди заспаните возачи на Touareg!

ОБЈАВЕНО НА:

На многу возачи им се случува да заспијат зад воланот, а повеќето од нив имале среќа да се разбудат навреме. Сепак, некои за жал не успеале… Излетувања од патот, судари со други возила… сето тоа може да се случи како последица од замореност, а компанијата Volkswagen тврди дека има систем кој ќе го спречи тоа.

СУВ Touareg има опциски Emergency Assist кој детектира дали возачот не го врти управувачот и дали рамномерно притиска на педалата за гас (без промени) или ја отпушта без допир педалата за кочница.

Возилото во тој случај ќе се обиде да го разбуди возачот со пулсирање на кочницата, а другите возачи ќе ги извести со вклучување на сите четири трепкачи. Доколку возачот не реагира тогаш возилото Touareg ќе застане сам на автопатот.

Само во Велика Британија во последните десет години на патиштата загинаа и тешко беа повредени 63.000 лица од 8 навечер до 6 наутро. Во истражувањето на Volkswagen  дури 22 проценти од возачите во Велика Британија признаа дека задремале зад воланот, а 3,7 проценти од возачите одговориле дека заспале…

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK