Volkswagen најави дека возилата од новата генерација на електрични автомобили ќе имаат слични цени како нивните модели со конвенционални мотори.
Во разговор со новинарите на саемот за автомобили во Шангај, шефот на oдделот за развој на електрични автомобили на Volkswagen, Кристијан Зенгер рече дека компанијата направила значителен напредок во насока на намалување на цената на возилата на струја
„ Понудата на нашите електрични возила за цена како на конвенционално возило ќе претставува револуција во автомобилската индустрија, бидејќи електричните модели ќе може постепено да ги заменат конвенционалните возила со мотори со внатрешно согорување“, изјавил Зенгер за Car Advice.
Целта е возилата на струја да бидат што подостапни за просечниот купувач, што ќе доведе до помасовна употреба на електричните автомобили. Volkswagen сака да изгради нов имиџ по дизел скандалот од 2015 година и сака до 2025 година да продаде три милиони електрични возила.