Volkswagen на секои 3 месеци ќе прави „далечински апдејт“ на ID семејство

ОБЈАВЕНО НА:

Дигитализацијата кај новите автомобили станува сè посигурна иако носи некои резици, а добрите страни се значително повеќе. Благодарение на поврзаноста на автомобилите, тие веќе не се во најдобрата форма при симнувањето од производствената линија, а доаѓаат со ветување за додавање на нови карактеристики и подобрување на целокупната база со секоја нова надградба на борд системот.

Volkswagen строго ја следи стратегијата за електрификација и дигитализација на продуктите, при што основен акцент тука е целосно новото и целосно електричното семејство ID.

Слично на гигантот Google и мобилните телефони Pixel, кои добиваат месечни системски ажурирања за безбедност и нови функции, Volkswagen ги објави претставниците на ID. семејството – во моментов ID.3 и ID.4, ќе добијат регуларни обновувања на три месеци (over-the-air), а првиот посериозен таков ќе биде распространет пред крајот на летото годинава.

Од Volkswagen потврдуваат дека со секое ново ажурирање, сопствениците на електромобилите од семејството ID. ќе можат да сметаат не само на оптимизации на софтверот на борд системот, туку и на нови функционалности и можности за персонализација.

„Тоа ќе гарантира дека сите испорачани ID. модели ќе бидат поддржани на еднакво софтверско ниво како новите за време на целиот животен циклус. Обновувањата Over-the-Air исто така ќе бидат нвовото нормално во автомибилите во иднина. Со нив ќе ги одржуваме сите испорачани модели на ID. модели со истото ниво на софтвер како и новите автомобили за следните години“, вели Томас Улбрихт, член на бордот за технолошки развој на Volkswagen.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK