Vоlkswаgеn ќе продава Skоdа во САД?

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Vоlkswаgеn објави тизер за нов компактен кросовер, кој ќе биде позициониран под Tiguаn. Моделот е наменет за пазарот во САД, каде што ќе се продава под името Tаоs – град во северниот дел од Ново Мексико.

Новиот кросовер ја претставува Skоdа Kаrоq со сменет дизајн и амблемот на Vоlkswаgеn. Истиот автомобил се нуди во Кина од 2018 година под името Thаru.

На затемнетата фотографија се гледа силуета на Tаоs во агол 3/4. Автомобилот има закосен заден дел на покривот, а од кинеската верзија се разликува со решетката на ладилникот со тенки LED ленти. Малку се „допрени“ и браниците и дизајнот на фаровите.

Во Кина, Vоlkswаgеn Thаru се нуди со два бензин турбомотори со обем од 1.4 и 2.0 литри и моќност од 150 и 186 коњски сили. Роботизираниот менувач ги придвижува само предните тркала.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK