петок, 25 јули, 2025 година

Volkswagen ќе плаќа 6.250 евра за „лош“ дизел – само ако е Германец

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Компанијата Vоlkswаgеn се согласи на вонсудска спогодба по колективната тужба поднесена од страна на Федералниот сојуз за заштита на правата на корисниците (VZBV) од име на 260.000 илјади клиенти на компанијaта. Германскиот концерн ќе им исплати обесштетувње во размер од 620 милиони евра.

Колективната тужба на VZBV стана најголемата во историјата на Дизелгејт во Европа. Според клиентите кои се засегнати, раководството на Vоlkswаgеn намерно ги сокривало реалните емисии на дизел автомобилите што довело до обезвреднување на секундарниот пазар.

- Advertisement -

Компензацијата ќе биде во размер меѓу 1.350 и 6.250 евра во зависност од годината на производство и ќе се исплаќаат со помош на специјална електронска платформа. Право на компензација ќе имаат само граѓаните на Германија кои ги купиле автомобилите пред 31 декември 2015 година.

Оние клиенти кои не се согласни за вонсудска спогодба со компанијата ќе моѓат да ги побараат своите права индивидуално. Делата може да се влечат до октомври. Во САД беа обесштетени практично сите сопственици на возилата Volkswagen со дизел мотори, откако ја добија колективната тужба во вредност од 25 милијарди долари.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја