Volkswagen ќе отвора фабрика на Балканот – а Македонија?

ОБЈАВЕНО НА:

Со цел да одговори на предизвиците на иднината и трендовите поврзани со електричните возила, германскиот производител Volkswagen планира да изгради фабрика во некоја од земјите на Балканскиот Полуостров.

Според пишувањата на германските медиуми, германците во моментов разгледуваат неколку локации во Бугарија, Турција и Романија додека истовремено српските медиуми ја пренесуваат можноста Volkswagen во целост да ја откупи Фијатовата фабрика во Крагујевац која италијанскиот производител ја користи по принципот на долгорочен закуп. Во сите овие комбинации е изоставена Македонија како и останатите балкански земји кои по се не се примамливи за германскиот производител.

Во моментов Volkswagen Групацијата е во процес на реструктуирање на производството што придонесе за релокација на производството на неколку модели. Со последната во низа релокации беше опфатен моделот Passat кој сега ќе се произведува во фабриката на Skoda во Млада Болеслав.

Со отворањето на фабрика на Балканот, Volkswagen Групацијата ќе ослободи дел од производствените капацитети во фабриките во Холандија, Германија и Чешка каде е планирано да се произведуваат електричните автомобили.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK