Volkswagen ќе ја намалува гаранцијата!

ОБЈАВЕНО НА:

Најголемиот германски производител Volkswagen објави дека ќе ја скрати гаранцијата на своите модели. Како што е наведено во соопштението, од следната година гаранцијата ќе изнесува четири години и 80 илјади километри.

Тоа практично е намалување за две години и 40 илјади километри во однос на актуелната гаранција која се нуди со Volkswagen автомобилите.

Сепак ова намалување на гаранцијата ќе важи само за Северна Америка, а тамошниот потпретсдател на компанијата, Данкан Мовасаџи смета дека комбинацијата на цврста гаранција и пакет одржување заедно со програмата за соработка е најдобар начин за градње на цврсти односи со купувачите.

Во САД, најголем дел од произвдоителите нудат три години на гаранција или 58 илјади километри, па намалувањето на гаранцијата од страна на Volkswagen и не е некоја лоша вест која ќе може да ја искористи конкуренцијата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK