Volkswagen ќе инвестира во заштита на климата

ОБЈАВЕНО НА:

Volkswagen Групацијата објави дека ќе поддржи неколку проекти за заштита на околината односно за спречување на глобалното затоплување. Станува збор за проекти сертифицирани според најголемите стандарди VCS (Verified Carbon Standard) и CCB (Climate Community and Biodiversity Standard).

Првиот проект што ќе го спроведе се однесува на заштита на шумите на индонезискиот остров Борнео, а целта е да се изврши декарбонизација како и инвестирање во конзервација на постоечката шума.

Со проектот се опфатени речиси 150 хектари на тропска шума лоцирана во Централен Калимантан, а со заштитата на шумата се заштитува и животната средина на ендемични видови на орангутани и мајмуни.

Целта на Volkswagen Групацијата е да придонесе во постигнувањето на целите за одржливост зацртани од страна на Обединетите Нации, но и да докаже дека станува збор за општествено одговорна компанија чиј примарни цели се заштита на околината.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK