Volkswagen ќе инсталира 36.000 електрични полначи до 2025 година

ОБЈАВЕНО НА:

Рзвојот на електричните автомобили бележи тренд на раст истовремено со популаризацијата на овој погон. Меѓутоа растот е детерминиран од повеќе фактори, а најмногу од инфраструктурата.

САД, Германија и Норвешка се лидери кога е во прашање инфраструктурата за електричните автомобили, а со цел поефикасна дистрибуција Volkswagen најави 36 илјади електрични полначи до 2025 година.

Овие полначи германскиот производител ќе ги инсталира ширум Европа, а за таа цел ќе инвестира 250 милиони евра. Според планот веќе наредната година VW ќе постави 2.400 полначи покрај најфреквентните патишта и авто-патишта во Европа.

Со реализацијата на ова, Volkswagen ќе ја поседува најголемата мрежа на електрични полначи во Европа, нешто со што во моментов може да се пофали Tesla.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK