Volkswagen Group на својата годишна прес-конференција испрати многу важни пораки до медумите. Како почетна точка за нив може да се смета искажувањето на шефот на групата, Херберт Дис, кој рече дека во блиските децении нема да има алтернатива за електричната мобилност.
Според ова станува јасно дека место ветените 50 нови модели, во следната декада, концернот ќе пушти дури 70. Вкупниот број на произведени електрични модели се предвидува да биде 22 милиони место предвидените 15 милиони.
Во групата VW влегуваат десетина брендови, но најважните од нив се: Audi, Bentley, Bugatti, Cupra, Lamborghini, Porsche, SEAT, Skoda и Volkswagen. Речиси секоја електрификација во понудата ќе предизвика проблеми со синдикатите поради значителното намалување на работните места и тоа до 30%. Водечките модели на електрификацијата во најголемиот германскио производител се на фотографијата: Skoda Vision iV, Seat el-Born, Audi Q4 e-tron, Porsche Taycan, Volkswagen ID. Vizzion.
Групацијата VW не ја гледа својата мисија само во производството на електромобили. Таа активно ќе учествува и во развојот за станиците за полнење, а се предвидува веќе во 2020 година мрежата да располага со 400 места на главните патишта во Европа. Модуларната платформа на концернот, MEB ќе се нуди комерцијално и на други проиводители. Групацијата VW размислува за можноста за учество и во производството на акумулатори во Европа. Независно од таа намера LG Chem, SKI, CATL и Samsung остануваат нејзини стратешки добавувачи на акумулатори.
Во конгломератот е развиена комплексна програма за заштита на околината, а главните мерки се насочени кон неутрализирање на испуштањето на CO2, кое треба да биде еднакво на „нула“ до 2050 година. Првремените индикатори на оваа програма покажуваат намалување на емисиите од 50% кон 2025 годна во споредба со нивото од 2010 година.