Volkswagen измисли клима за предната шофершајбна – ама без жици

ОБЈАВЕНО НА:

Кога има големи студови и во зимски услови, се обидувате да го одмрзнете вашето предно ветробранско стакло со помош на специјален спреј, домашно подготвен одмрзнувач или едноставно со стругање на стаклото. Немора да се нервирате толку бидејќи Volkswagen има нова клима за предното ветробранско стакло.

Германскиот производител дизајнира ново предно стакло за своите модели, и користи неверојатно тенок слој на електрични проводници од сребро во рамките на ламинираното стакло. Користејќи меѓу 400 и 500 вати, шофершајбната е во состојба брзо да се загрее и се топи снегот или паѓа мразот што може да се создаде на стаклото.

Системот исто така вклучува и мали нишки што се загреваат, на бришачите за да се спречи замрзнување на стаклото.

Загревањето на стаклата на возилата не е ништо ново, но решението на Volkswagen e што овдека не се бараат тенки жици, ниту влакна што се гледаат со голо око од страна на возачот во одредени услови.

Првично, ваквата клина на шофершајбната ќе биде лансирана во Европа за модлеите како Golf, Tiguan, Passat и Sharan и цената ќе биде разумна, околу 340 евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK