Минатата деловна година заврши. Резултатите се сумирани па оттука Volkswagen ја објави висината на редовниот годишен бонус.
Бонусот кој се доделува двократно е во висина од 4.950 евра. 1.690 е веќе исплатен кон крајот на минатата година, а во мај работниците ќе добијат уште и 3.260 евра.
“Вработените во Volkswagen уште еднаш демонстрираа силна тимска работа во 2019 година. Тие беа клучни за деловниот успех на Volkswagen” истакна Херберт Дис, првиот човек на најголемиот германски производител на автомобили.
За 2018 година, работниците добија бонус од 4.750 евра, а година претходно 4.100 евра што значи дека ова е одличен бонус.