Volkswagen ID.6 ќе има домет до 700 км. – поголем од некои конвенционални седани

ОБЈАВЕНО НА:

Франк Велш кој извршува должност на шеф на истражување и развој во Volkswagen, петтиот член на ID семејството доаѓа во 2023 година и ќе ја носи ознаката ID. 6.

Volkswagen во својата електрична офанзива веќе го претстави концептот на идниот електричен модел под името ID Vizzion Concept. Станува збор за лимузина на целосно електричен погон која ќе биде достапна и како караван. Според своите димензии ќе биде како актуелната генерација на Passat, но ќе нуди многу повеќе простор за за патници и багаж – според просторот ќе биде многу близу до моделот Phaeton.

Volkswagen ID.6 како и другите модели од ID семејството ќе бидат на платформата МЕВ, а неговиот електромотор ќе ги придвижува задните тркача. Во понудата ќе биде и модел со погон на сите четири тркала, па тој моделч ќе има два електромотори и би требало да ја носи ознаката GTX.

На купувачите на располагање ќе им бидат неколку модели на батерии, а најголемата би требало да има сила од 84 kWh што би требало да биде доволно за автономија од околу 700 километри. Тоа е 150 километри повеќе од ID.3 Pro S со 77 kWh батерија.

Перформансите се различни зависно од моделот, па така моделот само со заден погон од 0 до 100 км/ч ќе забрзува за 8,5 секунди, а GTX моделот со погон на сите четири тркала за 5,6 секунди. Новиот модел ќе поддржува полнење на батериите од 200 kW, што овозможуа батерија за домет од 230 километри да се наполни за само десе тминуди на DC брзиот полнач.

Volkswagen ID.6 се воведува првенствено поради кинескиот пазар кој е многу важен за Volkswagen, a неговото доаѓање се очекува во третиот квартал во 2023 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK