Volkswagen ID.3 – вториот најпродаван нов автомобил во Европа во декември

ОБЈАВЕНО НА:

Последните податоци од агенцијаа JATO Dynamics покажуваат дека во 2020 година пазарот на нови автомобили во Европа забележал пад од 24% до најниското ниво од 1993 година досега од 11.941.633 единици.

Охрабрувачки, сепак, до одреден степен е перформансот на пазарот во последниот месец од годината, кога имаше значително помало намалување од само 3,8% до 1.212.858 продадени возила.

Според податоците од агенцијата JATO Dynamics, која следи 27 пазари во Европа, најпродаваниот автомобил во последниот месец во 2020 година е Volkswagen Golf со 30.073 реализирани единици.

На второто место дебитираше целосно новиот за пазарот и 100% електричен модел ID.3 на Volkswagen со 27.997 единици, а на 3. позиција е Tesla Model 3 со 24.567.

Во Топ 10 на најпродаваните нови автомобили во Европа во декември исто така влегоа и Renault Clio (22.399), Peugeot 208 (20.690), Toyota Yaris (20.465), Skoda Octavia (18.853), Renault Captur (18.688), Fiat 500 (18.680) и Peugeot 2008 (17.948).

Во однос на дистрибуцијата на пазарот во декември, податоците на JATO Dynamics покажуваат дека новите бензинови автомобили ги држат доминантните 49% од пазарот, дизеловите се на ниво од 25% и само со процент над електрифицираните и нивното 24% присуство на пазарот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK