Volkswagen ID.3 стана најпродаваниот електромобил во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Податоците кои ги објави агенцијата JATO Dynamics покажуваат дека во текот на октомври регистрациите на новите автомобили во Европа паднале за 7 проценти во споредба со истиот месец од минатата година и достигнале ниво од 1.127.624 примероци.

Од падот на вкупната побарувачка, најголеми добитници се електрифицираните автомибили (хибриди, хибриди на полнење и 100% електрични), од кои во октомври биле реализирани 302.587 единици (+153%), рамни на 26,8% од вкупниот пазар на нови автомобили во Европа.

Најпродаваниот автомобил во Европа за октомври е Volkswagen Golf со 27.530 единици, а во Топ 5 влегуваат и Renault Clio (22.588), Opel/Vauxhall Corsa (21.220), Peugeot 208 (19.130) и Fiat Panda (19.046).

Volkswagen може да се пофали и со уште еден успех на европскиот пазар. Во текот на минатиот месец, целосно новиот 100% електричен модел на брендот – ID.3, ја зазема лидерската позиција кај електромобилите со резултат од  10.475 единици.

Во Топ 5 на најпродаваните 100% електрични автомобили во Европа исто така влегуваат и Renault ZOE (9.778), Hyundai Kona (5.261), Kia Niro (3.868) и Peugeot 208 (3.757).

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK