Volkswagen I.D. R тргна во поход на Нирбургринг (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Откако минатата година успеа по долги години да го сруши рекордот на Пајкс Пик кој претходно го држеше Себастијан Леб со неговото Peugeot, сега електричниот I.D. R е подготвен за нова авантура.

Уште во јануари годинава беше најавен планот за поставување нов рекорд на патеката во Нирбургринг, а во моментов Volkswagen со моделот I.D. R ги прави почетните тест возења на оваа патека.

Овој модел располага два електрични мотори кој комбинирано продуцираат 507 kW однсоно 680 КС. Со тежина од 1,100 кг I.D. R до 100 км/ч забрзува за само 2.25 секунди.

https://youtu.be/3pN3vIgbeq0

Дали овие технички карактеристики се доволни за воспоставувањее на нов рекорд остануа да видиме, а времето кое треба да се надмине е 6:45.9, временски рекорд кој го поседува Nio EP9.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK