Volkswagen Group ќе вложи 73 милијарди евра во нови технологии

ОБЈАВЕНО НА:

Volkswagen Group објави дека компанијата ги зголемува своите идни инвестиции во нови технологии и решенија за мобилност според стратешкиот план Planning Round 69 до ниво од 73 милијарди евра. Planning Round 69 предвидува средства, кои ќе бидат насочени за електрификација – целосно електрична и хибридна, на портфолиото на групата, како и за дигитални решенија и иновации во следните пет години.

Од Volkswagen Group објавија дека околу 35 милијарди евра од инвестициите ќе бидат наменети за развој и лансирање на целосно електричните автомобили, а други околу 11 милијарди евра ќе бидат насочени за хибридни проекти.

Со ангажман да се трансформира во целосно климатска неутрална компанија до 2050 година, плановите на Volkswagen Group предвидуват пазарно лансирање на околу 70 целосно електрични модели до 2030 година, од кои околу 20 веќе се наоѓаат во производство. Во однос на хибридите, групата предвидува достигнување на бројка од околу 60 пазарни понуди, повеќе од пола од кои веќе можат да бидат купени на пазарот.

Стратегијата на Volkswagen Group предвидува производство на околу 26 милиони 100% електрични автомобили до 2030 година, а околу 19.000.000 од нив ќе ја користат специјално развиената модулна платформа MEB (Modular Electric Drive Toolkit) за електромобили на групата. Очекуваното ниво на производство на хибридни автомобили на компанијата е околу 7 милиони единици.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK