Volkswagen Group и Microsoft со заеднички сили за иднината на автономното управувње

ОБЈАВЕНО НА:

Volkswagen Group објави дека софтверскиот оддел од Car.Software Organisation станува дел од новата соработка со гигантот Microsoft, а крајната цел е создавањето на интернет (cloud-based) платформа за автономно управување (Automated Driving Platform (ADP)).

Од Volkswagen најавуваат дека со ADP платформата, која ќе ја користи Azure, Car.Software Organisation ќе биде подобрена ефективноста за развојната дејност за создавање на високотехнолошки системи за помош при управувањето (ADAS) и решенија за автомномно управување на лесните модели на целата група.

„Во процесот на трансформирањето на Volkswagen Group како давател на решенија за мобилност, ние сакаме непрекинато да ја зголемиме ефективноста во развојот на софтверот. Ја развиваме Automated Driving Platform со Microsoft, за да го упростиме процесот на работа на нашите програмери преку една скала и инженерско опкружување базирано на податоци“, вели Дирк Хилгенберг, извршен директор на Car.Software Organisation.

Од Volkswagen велат дека системите за помош при автоматизација при управувањето се во состојба да ја подобрат сигурноста на патот, помагајќи да се намали сообраќајот и да се направи патувањето уште поудобно.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK