Компанијата Volkswagen објави дека почнува да прифаќа нарачки за новиот Golf во уште една основна верзија, двогоривната TGI (гас/бензин).
Благодарение на трите резервоари, новиот Volkswagen Golf TGI ветува автономност од околу 400 километри при употреба на гас, а се напојува со 1.5-литарскиот четирицилиндричен мотор со максимална моќност од 130 коњски сили.
Од Volkswagen коментираат дека бензинскиот резервоар е со намален капацитет и главно е замислен како таков за употреба како резервен, но е во состојба да допринесе за автономијата на автомобилот. Основните резервоари на Golf TGI, кој ќе се нуди и во верзија комби (Variant), се со носивост од 17,3 килограми, а бензиновиот со капацитет од 9 литри.
За двогоривниот мотор од Volkswagen споделуваат дека не само што е динамичен, туку и економичен, а посочуваат дека за поминувањето на 100 километри се неопходни меѓу 4,1 и 4,3 килограми гас.
Ако се земе предвид дека цената на 1 кг. метан е 32 денари, и просечна потрошувачка од 4,2 кг. на 100 км. тогаш пресметката е дека за 100 км. ќе ви требаат 134,4 денари.