Vоlkswаgеn годишно ќе претставува барем по еден електромобил

ОБЈАВЕНО НА:

На прес-конференцијата која беше одржана по повод новите ID модели на Vоlkswаgеn стана јасно што ќе се случува во иднина. Компанијата објави дека планира да претставува барем по еден од новите електрични модели во следните четири години. Досега официјално е виден ID.3, кој се радува на многу продажби, како и кросоврот ID.4, кој допрва ќе навлее на глобалниот пазар.

Од компанијата објавија дека ќе претставуваат барем по еден електричен модел секоја година. Во 2022 година на кинескиот пазар ќе се појави ID.6, додека купе кросоверот ID.5 ќе има пазарно деби во 2023 година. Резервирана за ID Buzz e 2024 гoдинa, а тоа ќе биде и првиот обид на компанијата од Германија во поголемите електрични автомобили.

Се очекува да биде виден помал електричен автомобил со народна цена во 2025 година. Градскиот автомобил најверојатно ќе го носи името ID.1 и ќе биде најевтината опција за влегување во ID семејството на Vоlkswаgеn.

Моделот ќе биде заменет со VW е-UP и најверојатно ќе биде со слични димензии, но различен дизајн. Покрај досега најавените модели, според нив, автомобилите на струја ќе го окупираат најголемиот дел од понудата на германскиот производител.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK