Volkswagen годинава со дотерана верзија на Passat

ОБЈАВЕНО НА:

Од Volkswagen објавија официјална информација дека оваа година ќе ја покаже својата фејслифт верзија на популарниот модел од D-сегментот Passat. Германците во моментов не го објавуваат точниот датум за дебито, но најверојатно тоа ќе се случи за време на изложбата во Париз оваа есен.

Засега не се откриваат други детали од компанијата околу подобрувањата коишто се очекуваат. Сепак, може да се претпостави дека актуелниот 1,5 литарски TSI бензин мотор на Volkswagen на крајот ќе добие место во гамата на Passat.

Volkswagen ветува дека истовремено ќе ги презентира и седан и комби верзиите на обновениот, а можеби во истото време ќе биде виден и фејслифт на хибридниот GTE.

Овој модел е базиран на платформата MQB и уште е најдобро продаваниот автомобил во D-сегментот во Европа, a зад него остануваат Skoda Superb, Opel Insignia, Ford Mondeo и Renault Talisman.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK