Volkswagen го претстави пикапот Atlas Tanoak (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

На саемот во Њујорк беше претставен пикапот од Volkswagen, а се работи за Atlas Tanoak. Станува збор за возило базирано на платформата MQB (модулна платформа за модели со попречен мотор). Дизајнот е позајмен од серискиот СУВ Atlas.

Со товарната површина Tanoak добива целосно сопствен и различен карактер. Тоа е и СУВ возило каде предниот браник има интергиран лебеб како и заштита на подот на автомобилот.

Дневните светлини на моделот наликуваа на оние на T-Roc. Елементите на ладилникот се осветлетни, па практично сите светлини на Tanoak се анимирани. Посебен впечаток оставаат и 20-цоловите бандажи со пластмасивни елементи на долгите браници.

Погледите ги собираат и правоаголните хромирани торби на ауспухот. На товарната површина има простор и за закачување на кајак, велосипед и друго.

Внатрешноста на Tanoak е продолжение на внатрешниот физајн. Можеме да кажеме дека е емотивен за модел на Volkswagen. Стилот е микс на кафеаво-црвеникава кожа, карбон и сребрени елементи.

Моделот е возможната трета варијанта на СУВ Atlas, кој може да се појави. Веројатно тогаш кокпитот ќе биде доста поедноставен од тој на возилото изложено на саемот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK