Volkswagen го прекинува производството на Golf GTI

ОБЈАВЕНО НА:

Доколку планирате да купите GTI изведба на Golf тогаш тоа мора да го направите што е можно побрзо бидејќи повеќе нема да се произведува. Ова и официјално е потврдено од германскиот производител.

Како причина за ваквата одлука е фактот што GTI изведбата на Golf не ги исполнува новите строги барања за емисија на јаглерод диоксид донесени од страна на WLTP. Ова значи дека новата осма генерација на легендарниот Golf која се очекува да пристигне следната година, нема да пристиге со GTI изведба токму поради овие високи еколошки барања.

Како и да е, до крајот на годината германскиот производител ќе лансира нова изведба која ќе ја има додавката GTI TCR. Истата ќе располага со 290 КС и ќе има 370 NM, а ова ќе произлегува од четири цилиндарскиот 2.0 литарски мотор.

Ваквата вест нагло ги зголеми цените на половните GTI автомобили. Така во Велика Британија и Германија, цената на половен Golf GTI започнува од 32.950 евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK