Volkswagen го покажува концептот I. D. VIZZION во Женева

ОБЈАВЕНО НА:

Меѓународниот саем во Женева ќе биде преполн со презентации на нови возила, но и на голем број други новитети меѓу компаниите кои се занимаваат со производство на автомобили. Од Volkswagen веќе ги покажаа првите скици за целосно новиот концепт I.D. VIZZION, а истиот ќе биде презентиран во Женева.

I.D. VIZZION има дизајн на иднината со автономно управување, а е со должина од 5,11 метри и има моќност од 225 кВт односно 306 коњски сили.

Новата концепциска разработка на Volkswagen ветува развивање на максимална брзина од 180 км/ч, а ќе има два електромотори, со погон на четирите тркала. Покрај тоа I.D. VIZZION ќе биде опремен и со литиум-јонска батерија со капацитет од 111 kWh, со која ќе може да се минат вкупно 665 километри.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK