Volkswagen го најавува Mini-Camper

ОБЈАВЕНО НА:

Леснотоварното одделение на Volkswagen Commercial Vehicles, ги објави првите информации за целосно новиот пазарен предлог, кој компанијата ќе го понуди на корисниците после премиерата на автомобилот во септември годинава.

Volkswagen Mini-Camper е развиен на база на новата генерација на хитот за брендот, моделот Caddy и како што сугерира името претставува компактен кампер.

Од Volkswagen велат дека Mini-Camper е насочен кон младите семејства и двојки, почитувачи на кампувањето и спортувањето во природа, кои бараат оптимална модуларност за време на нивните авантури.

Една од карактеристичните црти, на кои е ставен акетот на леснотоварниот оддел на Volkswagen е панорамскиот (1,4 м2) стаклен таван, кој дава можност за набљудување на небото и ѕвездите во текот на ноќта. За оние кои се приврзаници на овие глетки или не сакаат да се будат од сончевите зраци, од компанијата имаат предвидено и систем за затемнуање на сите стаклени површини.

Покрај интегриран, но разделив кревет, Volkswagen Mini-Camper доаѓа и со лесни столчиња и маса на расклопување и две практични кутии за транспорт на багаж.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK